АктуелноЛокално

Како Левица ќе го реши проблемот со просторното планирање

Политичката партија Левица ја објави својата изборна програма за претстојните парламентарни избори. Во оваа сеопфатна програма посветено е огромно внимание на просторното планирање, урбаното живеење и зеленилото. Изминативе години, со само двајца пратеници, Левица успеа да спречи многу штетни политики и да предложи законски решенија согласно барањата на граѓаните, каде во фокус беа социјалните политики.

Претседателот Апасиев кажа дека со десетина пратеници Левица ќе биде партијата што ќе ги принуди политичките елити да го застапуваат народниот интерес. Во прилог ви го пренесуваме делот од програмата за урбанизам, сообраќај и локална самоуправа.

  • Реорганизација на институциите со формирање на засебно Министерство за урбанизам, сообраќај и локална самоуправа – што би ги презело ингеренциите за просторно планирање од сегашното Министерство за животна средина + ингеренциите за урбанизам, градежништво, архитектура и сообраќај, од сегашното Министерство за транспорт и врски + ингеренциите од сегашното непотребно и одвишно Министерство за локална самоуправа.

  • Одземање на правото на приватни лица да можат да инвестираат во изработка на Детални урбанистички планови (ДУП-ови), односно истите да бидат планирани во буџетот на општините тековно – на секои пет години.

  • Задолжително пошумување од страна на секој инвеститор на станбен, комерцијален или производствен објект – исто толкава „зелена површина“ колку и вкупната квадратура на објектот

  • Право на паркинг за секој станар што купил стан во зграда (подземен или надземен), вклучен во цената на станбениот простор – со цел ослободување на локалните тротоари за пешаците.

  • Теренско и правно преиспитување и ревизија на сите легализации на дивоградби, за кои има сомневање дека се изградени со лажирани документи и по истек на крајниот рок за легализација

Изборната програма се состои вкупно од 13 подглавја и тоа се:

  1. Труд и социјална правда
  2. Право и антикорупција
  3. Политички систем и администрација
  4. Граѓанско општество и медиуми
  5. Политичка економија и финансии
  6. Урбанизам, сообраќај и локална самоуправа
  7. Култура, туризам и спорт
  8. Образование и наука
  9. Здравство
  10. Земјоделие
  11. Екологија и енергетика
  12. Јавна безбедност и народна одбрана
  13. Надворешна политика

За да ја прегледате целосната програма на Левица – кликнете на сликата подолу