АктуелноЛокално

Како Левица планира да го подобри образованието

Политичката партија Левица ја објави својата изборна програма за претстојните парламентарни избори. Во оваа сеопфатна програма посветено е огромно внимание на образованието и науката. Изминативе години, со само двајца пратеници, Левица успеа да спречи многу штетни политики и да предложи законски решенија согласно барањата на граѓаните, каде во фокус беа социјалните политики.

Претседателот Апасиев кажа дека со десетина пратеници Левица ќе биде партијата што ќе ги принуди политичките елити да го застапуваат народниот интерес. Во прилог ви го пренесуваме делот од програмата за образование и наука.

  • Десеткратно зголемување на буџетот за образование и наука и етапно доведување на процентот што се издвојува во оваа сфера до нивото на развиените европски земји (ок. 5% од републичкиот Буџет).

  • Отворање поголем број бесплатни државни градинки (според бројот на жители и густината на население) и проширување на сместувачките капацитети на веќе постоечките, со цел 100% опфат на децата од предшколска возраст во јавните градинки и целосно задоволување на потребите за прием на дечиња.

  • Воведување на бесплатно високо образование, т.е. потпоплно јавно субвенционирано факултетско образование, со целосно укинување на партиципациите и школарините за студентите.

  • Воведување нови категории на стипендии за талентирани ученици и студенти (стипендии за извонредност на првенци на генерации; стипендии за истражувања; стипендии за студиски престој; стипендии за независни експерименти и проекти…) – како и дополнителна поддршка за младите кои доаѓаат од сиромашни и социјално загрозени семејства.

  • Поригорозни и повисоки стандарди за акредитација на приватните високообразовни институции, со тенденција кон постепена забрана на приватните факултети!

Изборната програма се состои вкупно од 13 подглавја и тоа се:

  1. Труд и социјална правда
  2. Право и антикорупција
  3. Политички систем и администрација
  4. Граѓанско општество и медиуми
  5. Политичка економија и финансии
  6. Урбанизам, сообраќај и локална самоуправа
  7. Култура, туризам и спорт
  8. Образование и наука
  9. Здравство
  10. Земјоделие
  11. Екологија и енергетика
  12. Јавна безбедност и народна одбрана
  13. Надворешна политика

За да ја прегледате целосната програма на Левица – кликнете на сликата подолу