АктуелноЛокално

Како Левица ќе ја спречи корупцијата

Политичката партија Левица ја објави својата изборна програма за претстојните парламентарни избори. Во оваа сеопфатна програма огромно внимание е посветено на правниот систем и антикорупцијата. Изминативе години, со само двајца пратеници, Левица успеа да спречи многу штетни политики и да предложи законски решенија согласно барањата на граѓаните, каде што во фокус беа социјалните политики.

Претседателот Апасиев вели дека со десетина пратеници Левица ќе биде партијата која ќе ги принуди политичките елити да го застапуваат народниот интерес. Во прилог ви го пренесуваме делот од програмата за право и антикорупција.

Итно носење на Закон за потекло на имот на сите носители на јавни функции, од осамостојувањето до денес (1991–2024) – како lex specialis!

Задолжително и навремено јавно објавување на информации за трошење на буџетот на сите министерства и буџетски корисници (преку надградба на системот „Open finance“).

Амнестија во случајот „27 Април“, како политички монтиран процес и итно ослободување на осудените

Кривичен прогон против поранешниот претседател на Собранието на РМ за сторени серија злоупотреби на функцијата и кривични дела против државата, од областа на политичкиот криминалитет.

Тотална департизација и професионализација на правосудството, преку зајакнување на објективните критериуми за напредок во кариерата на судиите и обвинителите – со задолжителна и транспарентна споредба на квалитативните и квантитативните заслуги на кандидатите.

Изборната програма вкупно се состои од 13 подглавја и тие се:

  1. Труд и социјална правда
  2. Право и антикорупција
  3. Политички систем и администрација
  4. Граѓанско општество и медиуми
  5. Политичка економија и финансии
  6. Урбанизам, сообраќај и локална самоуправа
  7. Култура, туризам и спорт
  8. Образование и наука
  9. Здравство
  10. Земјоделие
  11. Екологија и енергетика
  12. Јавна безбедност и народна одбрана
  13. Надворешна политика

За да ја прегледате целосната програма на Левица – кликнете на сликата подолу