АктуелноЛокалноНастани

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Левица како нова генерација млади политичари на овие избори настапува со радикална антикорупциска платформа. Битола од економски гигант во време на криминалната приватизација стана рекордер на невработеност. Младите паметат како нашите родители остануваа на улица додека се богатеа поединци, вели Јована Мојсоска од Левица.

Се бориме за донесување Закон за потекло на имот на сите носители на јавни функции од почеток на транзиција до денес.  На овој начин мора да се стави крај на криминогените партии кои ја уништија иднината на младите генерации. Наместо амнестија која ја видовме во Собранието, нашата автентична програма се залага за незастарливост на криминалот извршен од јавни функционери.

На 8-ми мај младите ќе се обединат околу идејата на Левица за да стават крај на владеењето на корумпираните и истрошени политички елити кои немаат веќе што да понудат!