Единствено Левица има визија за промени во јавната администрација и работничкиот статус
Интервју за порталот на ДСП Ленка со Дарко Ристовски – координатор на секторот ИТ и администрација и кандидат за пратеник во ИЕ 1 при политичката партија Левица
Како Левица планира да се справи со преполната, партизирана и неефикасна администрација?
Ристовски: Повеќе од јасно е дека сме познати по превработеност и гломазна јавна администрација. Со толкав број службеници наместо бирократските процедури да бидат ефикасни и поедонставни, кај нас се случува обратното.
Ова се дел од мерките:
1. Воведување двосменска јавна администрација со промена на почетокот на работното време за државната и општинската администрација (7:30–13:30 и 13:30–19:30 ч.).
2. Шалтери без пауза во работењето на администрацијата, т.е. непречено целодневно давање јавни услуги на граѓаните-корисници од страна на службениците.
3. Забрана на привремените и на т.н. прикриени вработувања во јавната администрација (преку приватните агенции за привремени вработувања).
4. Зајакнување на критериумите за поригорозен напредок во кариерата на чиновниците и државните службеници (стручност, компетентност, интегритет, вредности и заслуги) – со цел професионализација на бирократијата и одделување на партијата од државата.
5. Донесување на единствен Закон за дисциплинска одговорност на сите јавни и државни службеници, со јасни критериуми, органи, процедури и санкции.
Што Левица планира да направи во однос на огромната партиска војска вработена во разните институции на државниот апарат а воопшто не се појавуваат на работа?
Ристовски: Левица се залага да им се даде можност на сите вработени во јавната администрација да се покажат и докажат на своето работно место. Тие што со години се вработени и земаат плата ќе им се овозможи да се вратат на работа и да ги извршуваат работните задачи. Доколку тие вработени одбијат да се вратат на работно место, работниот договор ќе им биде прекинат според законот за работни односи
Пред неполни три години бевте кандидат за градоначалник во општина Карпош, дали е од тогаш до сега ситуацијата подобрена или влошена во општината?
Ристовски: Повеќе од евидентна е неспособноста на градоначалникот и општинската администрација која веројатно под неговор влијание тешко се справува со барањата на жителите на општината. Единствено нешто за кое се залага градоначалникот е прекумерна бетонизација и носење на погубни ДУПови кои им одат во прилог само на градежните тајкуни. Ниту еден проект од ветувањата во предизборната кампања не е спровден. Советот во општината е на статус кво и тешко може да се постигне консензус заради неодлучноста на советничките групи на ДПМНЕ и СДС да конечно застанат на страна на жителите на Карпош и ги спречат сите погубни решенија кои произлегуваат од кабинетот на градоначалникот
Во вашиот говор на централниот митинг на Левица во Скопје, говоревте за потчинетата состојба на работникот во Македонија, доколку станете пратеник, кои мерки ќе ги предложите за унапредување на статусот на работникот во општеството?
Ристовски: Работникот во секое општество треба да биде центар на развојот на економијата и прогресот. Предлагаме мерки:
- Воведување на шестчасовен работен ден (т.е. 30 ча-совна работна недела, наместо 40 часовна) – намалување на полното работно време од 8 на 6 часа дневно,без негативни импликации врз висината на примањата кои ги примаат работниците, а со цел зголемување на продуктивноста и личниот развој, како и намалување на невработеноста.
- Укинување на максималната основица за уплата на придонеси на плата, која ги привилегира оние со плати над 10.000 ЕУР.
- Зголемување на минималната плата, на 2/3 од утврдената синдикална потрошувачка кошница, и нејзино законско унифицирање на единствено ниво за сите стопански и нестопански дејности.
Oва се само дел од мерките. Ги повикувам работниците и граѓаните да ја прочитаат нашата програма во делот за Трудот и Социјалната правда тука.
- Како планирате да развивате кориснички дигитални платформи и мобилни апликации за многубројни е-услуги, кај повозрасното население кое во добар дел е технофобско и „не верува“ во новите технологии?
Ристовски: Мерките кои ги предлагаме се следни:
Центри за услуги на граѓани:
- Воспоставување на општински и месни центри за услуги на граѓаните за да конечно едношалтерско решение за различни владини и административни услуги.
- Месна и општинска достапност на центрите во соработка со локалните власти, прифатливи за корисниците и екипирани со обучен персонал.
- Спроведување на механизам за повратни информации за постојано подобрување на квалитетот на услугата.
Цел: Да се насочат и модернизираат административните процеси за подобрена ефикасност:
- Дигитализација и е-влада и е-услуги и е-администрација:
- Спроведување на сеопфатна стратегија за е-влада за дигитализирање на административните процеси.
- Воведување на онлајн услуги за да се намали документацијата и времето за обработка.
- Редовно оценување и објавувајње на извештаи за успешност и за транспарентност.