Апасиев го објави условот за формирање на Влада

За секој случај, да не треба да преговараме за Влада, вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев, објавувајќи ја фотографијата со три класера во кои се наоѓаат кривичните тужби против актуелни и поранешни државни функционери во Македонија.

Претходно од Левица беше објавена и македонска платформа, како услов за соработка на македонските партии како одговор на „тиранската“ и „софиската“ платформа на координација на албанските политички партии од власта и од опозицијата, како и на политичките сили коишто заговараа промена на Уставот по бугарски диктат.