Стоименовска: Во Левица влегов од неколку причини

  • Фејсбук статус на Ивана Стоименовска од Левица

ВО ПРЕСРЕТ НА ИЗБОРИТЕ….

Во Левица влегов од неколку причини:

ПРВО идеолошки, сите мои лични ставови се поклопуваа со програмата и ставовите на Левица која таа ги презентираше и која активно ја следев од 2016 година. Се сеќавам прв пат таа година му дадов поддршка за формирање на партијата на другарот Igor Smilev која сега е неуморен борец во Советот на Велес.

ВТОРО и многу важно, побудена од гнев кон системот, апсолутно кон сите области што го чинат општеството, а полека но сигурно пропаѓаат. Здравство, образование, економија, судство, социјала, Македонија….

ТРЕТО, ЦЕНЗУРАТА на моите лични ставови коу ги истакнував јавно и заради кои трпев професионално. Ноќи непреспиени, денови. Јас мислев дека ќе се најде некој да стави крај на безредието, но тоа не се случуваше. На крај си реков, не треба да кукам, дојдено е ред на обичниот граѓанин да се вклучи во политика, зошто само така може да го срушиме неправедниот систем и да изградиме нов. Во едно интервју на АПАСИЕВ слушнав се што мене ми лежеше на срце, а во кое тлееше гнев, што на крај ми направи порив да се вклучам во Левица и да се борам рамо до рамо со моите другари.

Не згрешив, на Пленумот 2019 година му се обратив на Димитар Апасиев дека јас не сакам да бидам пасивен следач и сакам активно да се вклучам во “борбата”. Така ме пречека другарката Јована Мојсоска, и се сеќавам и реков. Јас сум дојдена за пушка да земам в рака 😀😉. Таа ко вистинска партизанка од први борбени редови ми рече дека борбите ќе ги водиме заедно, но на начин на кој му доликува во 21 век, со пенкало, борбеност и идеи. Се запознав со другите другари и другарки и што да видам. Сите бевме толку многу слични еден на друг што ниту јас не можев да поверувам. Знаев дека припаѓам во ова друштво и така почна се….

Следната година двајца пратеници влегоа во Парламент што ми даде надеж дека сме на вистинскиот пат.

Годината после неа, Левица ми ја даде довербата и ме предложи да бидам советник во општина Карпош што се оствари.

Како советник можам да кажам дека борбата е главно против градежната мафија и ниту во еден момент јас заедно со моите другари не дозволивме да помине ниту еден ДУП за кој што граѓаните се изјаснија дека се против. Ни се закануваа обвинители инструирани од власта дека ќе ни поднесат кривични пријави ако не гласаме за ДУП на ПУЦКО конкретно, но ние не подлегнавме.

Другата борба е околу социјално ранливите категории и лицата со попреченост, каде што со другарот Славко Митевски активно членуваме во комисии што им даваат помош и предлагаме иницијативи за помош на истите. Некои наши предлози се прифатени, но за некои градоначалникот нема слух. Веројатно од позиција на власт работите би биле поинакви. Во меѓу време десетици советнички прашања кои ги акумулираме преку граѓаните.

Сега партијата ми ја даде довербата да бидам на пратеничка листа за Парламентарните избори

Поентата е дека Левица е единствена и вистинска опција која работи за интересите на обичниот граѓанин, едниствената опција која се труди да ги намали класните разлики и да постави црвени линии кога е во прашање идентитетот. Единствената опција која има низа предлог мерки во корист на работничката класа.

Советниците од Советите, пратениците од Собранието, сите тие партизански се борат против статус-квото, криминалот и корупцијата. Лично имав можност да се уверам.

Во Собранието, Левица заслужува да има двоцифрен број пратеници бидејки само така повеќе ништо нема да биде исто.

На 8 ми мај дајте го гласот за Левица, дадете го гласот на неподмитливите ќе се уверите дека гласот ваш ќе биде даден на вистинската страна.