Апасиев: Нема паѓање во духот
- Фејсбук статус на Димитар Апасиев, претседател на Левица
2015: – Брат, а бе кај можеш Партија да напраиш? Нит пари имате, нит 1.000 членови, па нотари, па уверенија за државјанства, па судови…
ИСХОД: Направивме! Од активисти, синдикалисти, фриленсери и работници.
2016: – Брат, нема да ви дадат да се кандидирате, ќе ви напраат некои мучки.
ИСХОД: Се кандидиравме на сефте парламентарни избори (освоивме 12.000 гласови, не освоивме пратеник, оти ни го украдоа).
2017: – Брат, немате екипа за Локалниве!
ИСХОД: Немавме. Освоивме само еден советник.
2018: – Брат, раскол ви се деси, ја раскурцавте златна Партија!
ИСХОД: Чистка на опортунистите. Партијата се вивнува.
2020: – Брат, тешко да влезете у Собрание. Така е скроен системот. Само големите успеваат.
ИСХОД: Освоивме над 37.000 гласови. Влеговме двајца (а требаше 5, ако беше една изборна единица).
2020: – Брат, банкротиравте скроз. 85.000 ЕУР ви пропаднаа у „Еуростандард“. Како без пари ќе работите?
ИСХОД: Собиравме пари у тегла! Донираа обични луѓе. Кој колку има. Ама, ги спасивме принципите и не се шитнавме. А чим ги спасивме принципите, сè е спасено! Ја воскреснавме Партијата. Од 5 канцеларии, пораснавме на 50.
2021: – Брат, тешко на Локалниве. Ќе ве згазат!
ИСХОД: Освоивме 50-на советници низ цела Македонија! Врие како во кошница од внатрепартиски активности по локалните ограноци.
2024: – Брат, нема да соберете 10.000 потписи за претседателски кандидат! Не си играјте играчки. Немате инфраструктура. И плус, заебана е процедурата.
ИСХОД: Собравме потписи за 6 дена. Сами, без коалиции, освоивме 42.000 гласови на нашето огнено крштевање, со поддршка на идеолошки блиска независна кандидатка (на која и се поклонувам до земја за фајтот).
2024: – Брат, тешко и пратеничка група да имате! Сите се против вас! И медиуми, и олигарси.
ИСХОД: Двоцифрен број млади, чесни и борбени пратеници во парламент! Без нив нема Влада. Со душа го чекаме 8 Мај!
——————————————————
НАРАВОУЧЕНИЕ:
„И затоа ти не слушај што лошите луѓе зборат,
Оти тие мршари и Тебе мршар ќе те сторат“!
p.s. Долг е патот на Борбата, другари.
Нема откажување од каузата. Тек сега почињаме. Големи битки нè чекаат.