Петров: Левица остана трета партија во македонскиот блок
- Пишува: Никола Петров – член на ЦК при п.п. Левица
Како што претходно најавивме, СДС заминува во историјата. СДС за овој дебакал вчера, беа свесни уште пред 3 години кога преку пензионираниот Бранко Црвенковски и неговото крило ја формираа ЗНАМ, партија која требаше да ги акумулира сите незадоволни и избркани членови од Заев и Ковачевски, за при тоа да овие членови и гласачи да не се одлеат кај другите партии. А во блиска иднина откако ќе го избркаат Ковачевски од чело на СДС за повторно да се обединат, како две деца на иста мајка.
Левица остана трета партија во македонскиот блок на партии, единствена без никаков претходен политички багаж и останува сама, без претходни коалиции со десетини други партии, да влезе во борба на парламентарните избори.
Но Левица не е осамена, тоа е работничката класа на Македонија, и изборот за парламентарните избори ќе биде, дали работниците ќе одберат да владеат преку Левица или ќе одберат да бидат владеени од капиталистите и тајкуните кои се на чело на другите партии.