АктуелноЛокално

Јовановска: Левица е причина зошто политичката апатија се преобразува во народен бунт

  • Говорот на Катерина Јовановска – Советник во Град Скопје и кандидат за пратеник од редовите на Левица

Да ми кажуваше некој пред 5 години дека некогаш ќе држам говор пред Димитар Апасиев немаше да му поверувам.

Колку тоа и да звучи нестварно, денес сум тука пред Вас, стојам тука пред Вас,како член на ЦК на Левица, како актуелен советник во Советот на Град Скопје и како кандидат за пратеник на листата за ИЕ 1, која што ја предводи Претседателот Димитар Апасиев.

Почитувани другари и другарки,

и јас како повеќето од вас сум дете на транзицијата.

Додека растев гледав како државата во која што се родив се распаѓа во крвава војна.

Гледав како ни го менуваат знамето, гледав како ни го менуваат името, прво во ФИРОМ, а подоцна и во Северна, гледав како фабриките од државата, преминуваат во рацете на олигарсите.

Гледав како политичките елити стануваат се побогати, а народот се посиромашен.

Низ тој процес на транзиција, додека гледав како продаваат се што е македонско  и како  рушат се што граделе нашите баби и дедовици, изгубив секаква надеж за Македонија.

Толку станав политички апатична,што  престанав да гледам политички емисии.

Дури престанав да гледам и вести.

Во еден таков момент на апатија и безнадежност, сосема случајно налетав на едно телевизиско интервју на Димитар Апасиев, кое што во тој момент одеше на некоја од телевизиите.Тогаш го видоб Димитар какобезстрашно јасно и гласно го кажува сето она кое што сите ние го шепотевме или се плашевме да го изговориме на глас.Во Димитар го препознав  револтот и  пркосот типичен за македонските ревилуционери  и тоа беше моментот, кога почитувани другари и другарки почуствував дека сепак ПОСТОИ  ИСКРА ВО МРАКОТ!

 Дека не е се изгубено и дека сепак има надеж за Македонија!

Оттогаш почнав редовно да ги следам активностите на Левица, потајно плашејќи се дека нема да издржат, дека ќе успеат да ги скршат.

Кога и по неколку години видов дека Левица не само што не паѓа во духот, туку и станува уште по брутална во својата искреност и во својата  борба со корумпираниот систем, одлучив и јас да се приклучам кон борбата!

Тоа беше пред околу 4 години.

Најпрво станав член на Трудовиот сектор, потоа и негов координатор, а во 2021 година заедно со другарите Хактан и Амар станавме советници во Советот на Град Скопје.

Како пионери во Советот, останатите политички партии не знаеја како да се однесуваат со нас.

Прво мислеа дека сме млади, политички неискусни и дека лесно ќе можат да не манипилираат.

Потоа се обидоа да не направат приврзок на двете најголеми партии во Советот.

Кога не успеаја, почнаа да ги саботираат сите наши иницијативи и сите наши обиди да смениме нешто во сиситемот.

Потоа почнаа да не оцрнуваат, да ни се закануваат и на крајот се обидоа да не корумпираат.

Кога видоа дека не можат ниту да не исплашат, ниту да не корумпираат, почнаа да не копираат.

Сега ја копираат нашата програма, нашата реторика, па дури и нашата идеологија со која што немаат ама баш никаква допирна точка.

Но, народот ја препознава искреноста и НАРОДОТ ЗНАЕ ДЕКА САМО ЛЕВИЦА Е ЕДИНСТВЕНАТА АВТЕНТИЧНА ПАРТИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Паралелно со битките кои што ги водевме на локални ниво, во Парламентот на РМ нашите пратеници Апасиев и Крмов, водеа битки на централно ниво.

Во Парламентот бевме единствената опозиција на оваа корумпирана власт и бевме единствената партија која што поднесуваше закони во интерес на народот, а со илјадници амандмани ги блокиравме оние закони  кои што беа штетни за државата.

Пратениците на Левица беа првите, а честопати беа и единствените кои што даваа подршка на барањата на работниците, на стечајците, на пензионерите.

Замислете…токму оние кои што секоја година земаат илјадници евра народни пари за патни трошоци , не гласаа за законот кој што го поднесе Левица за  зголемување на додатокот за лица со попреченост!!

Истите оние пратеници кои за себе си обезбедија апанажа, не гласаа запредлогот на Левица  апанажа да можат да земат и работниците!

Не го повлекоа законот за 60 часовна работна недела кој Левица со стотици амандмани го блокираше, туку истиот го донесе на шверцерски начин, со европско знаменце.

И затоа почитувани другари и другарки, ЛЕВИЦА Е ЕДИНСТВЕНАТА ПАРТИЈА КОЈА ШТО Е ОД НАРОДОТ И ЗА НАРОДОТ!

НАРОДОТ ТОА ГО ЗНАЕ И ЗАТОА НА ОВИЕ ИЗБОРИ ЌЕ ГИ КАЗНИ ОВИЕ БУРЖУЈСКИ ПАРТИИ НА КОИ ШТО НАМЕСТО ПРИОРИТЕТ ДА ИМ БИДЕ БЕНЕФИТОТ НА НАРОДОТ,  ПРИОРИТЕТ ИМ Е  НИВНИОТ  ЛИЧНИОТ БЕНЕФИТ!

Почитувани другари и другарки, 

Левица расте од ден во ден и се повеќе имаме и членови и симпатизери, а сега за прв пат ИМАМЕ И КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА!

Како член на ПИШ иамв прилика да ја запознаам професорката Ванковска и одблизу и навистина бев изненадена од тоа  што таа не само што е стручна во својата работа и пдека и покрај тоа што е признат и ценет професор во државата и надвор од неа, таа е исто така и многу срдечна, непосредна и искрена.

Гледајќи ја како храбро и достоинствено им се спроставува на сите останати противкандидати, сама против сите, не можам да не и се воодушевувам и неможам да не бидам среќна, што токму таа е нашиот кандидат за Претседател на државата.

ПОЧИТУВАНА ПРОФЕСОРКЕ ВАНКОВСКА,

ВИ ПОСАКУВАМ НЕ САМО ДА ВЛЕЗЕТЕ ВО ВТОРИОТ КРУГ, ТУКУ ОД СЕ СРЦЕ ВИ ПОСАКУВАМ ДА СТАНЕТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, 

НЕ САМО ПОРАДИ ФАКТОТ ДЕКА ВИЕ ТОА ГО ЗАСЛУЖУВАТЕ, ТУКУ И ПОРАДИ ФАКТОТ ДЕКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ КАКО ВАС !

Почитувани другари и другарки,

ни претстои тешка битка.

Најпрво треба да се избориме за што повеќе пратенички места во Собранието на РМ, а потоа со сите сили да се обидеме да си ја спасиме државата.

Нашиот систем е толку канцероген, коримпиран и порозен, да битката воопшто нема да биде лесна.

Но ние нема да се жалиме и нема да се откажеме.

Сосема случајно оваа корумпирана власт во своите предизборни калкулации, оредувајќи го денот за изборите  на 8-ми Мај, во среда, непосредно по Велигденските прзници, веројатно со умисла за што помала излезеност на изборите, заборавикле дека по 8ми Мај е 9 -ти МАЈ, ДЕНОТ КОГА НАШИТЕ БАБИ И ДЕДОВЦИ ГИ ПОБЕДИЈА ФАШИСТИТЕ!

СИМБОЛИКАТА Е ПОВЕЌЕ ОД ЈАСНА!

ПОБЕДИВМЕ ЕДНАШ, ЌЕ ПОБЕДИМЕ УШТЕ ЕДНАШ!

ДА ЖИВЕЕ РЕПУБИКА МАКЕДОНИЈА!

ДА ЖИВЕЕ ЛЕВИЦА!

СМРТ НА ФАШИЗМОТ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ!