Левица: Петто видео за претставување на кандидатската листа на пратеници

Од Левица го претставина петтото видео за претставување на Кандидатската листа за пратеници во Изборната единица 5, во пресрет на парламентарните избори.

Носител на листата е генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска, која порача дека молкот на граѓаните е моќ за властодршците.

,,Историјата е доказ – само организирана политичка борба, може да доведе до ново, прогресивно општество. Твојот молк е нивна моќ. ГЛАСАЈ за Левица!”