АктуелноЛокалноНастани

Левица: Нешто е гнило во Министерството за култура на „нашата земја“

Министерката за култура на Република Македонија, Бисера Костадиновска Стојчевска и актуелен кандидат за пратеник, се спротивстави дека се шират дезинформации во однос на исплатата на мартовските плати кои според нејзините изјави пред јавност – „ќе бидат исплатени согласно Колективниот договор и Општиот колективен договор за јавен сектор и нема потреба за создавање паника“!

Најверојатно изјавата која беше дадена на први април била првоаприлска шега и лицемерно исмевање во лице на 3000 културни работници кои останаа без мартовската плата.

Ова не е прв пат Бисера Костадиновска Стојчевска да манипулира со вработените во културата. Секоја година со покачувањето на минималната плата се прават секакви напори единствениот колективен договор, којшто ја штити финасиската сигурност на вработените, да го поништи, преиначи и толкува како кому му одговара внатре во Владата на „Нашата земја“.

Иако Министерката за култура ја најави законската исплата усогласена со потпишаните договори – навремено, Фатмир Бесими Министерот за финансии изјави дека тоа нема да се случи. Односно дека нема доволно финансии за ова исплата.

Тоталниот колапс на културата кореспондира во дослух помеѓу двете министерства, кои најверојатно ќе се прогласат за „ненадлежни” обвинувајќи се едни со други пред јавноста.

Под паролата за европски вредности, погазувајќи договори кои самите ги потпишале СДС и ДУИ во Македонија држат во заложништво 3000 вработени во културата, за да ги исполнат своите калкулации и да вршат притисок и мобинг врз нив. Со ова двоецот СДС/ДУИ уште еднаш докажа дека се спремни политички да манипулираат со граѓаните.

Ова ли се тие европски вредности?

„Системот” е мртов, да живее „Системот”?! Стои во соопштението на секторот Култура при политичката партија Левица