АктуелноЛокално

Апасиев од градот на Рацин: Ете оттука тргнуваме за да не застанеме и да ги истераме како црв од јаболко

Вчера и официјално Левица ја започна кампањата за Парламентарните избори 2024 од Велес – градот на Кочо Рацин, Панко Брашнар, Гемиџиите, Ганчо Хаџи-Панзов. Во присуство на огромен број граѓани, претседателот на #Левица, Димитар Апасиев заедно со претседателскиот кандидат проф. д-р Билјана Ванковска и носителот во ИЕ 3, Борислав Крмов се обратија пред велешани.

👉На митингот во Велес најпрво се обрати претседателскиот кандидат на Левица, проф. Ванковска, која порача дека е блиску до влегување во втор круг на претседателските избори.

„Голема возбуда е да се биде овде. Доаѓам од спомен куќата на Кочо Рацин, а овде туку што ги слушав и неговите стихови. Пред самиот почеток на овој митинг додека си разговаравме со Апасиев тој рече – „Нема револуција без поезија“! И вистина е така, а Велес е вистински пример за тоа” – порача Ванковска и притоа додаде:

„Посакувам да го изодиме овој пат борбено, чесно и доследно. Она што нас не’ разликува од оние што трчаат на кратки патеки е тоа што ние трчаме маратон. Нас не’ не задоволува фотелја и позиција. Ние имаме Кауза“

Во продолжение, носителот на ИЕ 3 – Крмов говореше пред велешани и истакна дека тој е единствениот носител кој го претставува обичниот, работниот македонски народ, за разлика од неговите противкандидати Сања Лукаревска и Драган Ковачки кои се олицетворение на олигархијата, експлоатацијата на народот и лицемерието.

На крај претседателот на #Левица – Димитар Апасиев со својот моќен и емотивен говор го означи почетокот на кампањата и порача:

„Левица оди над 120.000 гласови на овие избори и целосна пасокизација на СДС! На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници, а на наредните СДС мора да падне под 10 пратеници и да исчезне, а Левица ќе има над 30 пратеници. Е тогаш ќе започне вистинската битка помеѓу левицата и десницата и ќе се пресметаме со лавчињата кои мјаукаат и молчат пред УЧКите”.