(Видео) Премиера на првиот предизборен спот на Левица за Парламентарните избори 2024

Професорот и претседател на политичката партија Левица – Димитар Апасиев на својот фејсбук профил го објави првото премиерно видео за Парламентарните избори кои ќе се оддржат на 8ми мај.

Левица на овие избори ќе настапи во сите шест изборни единици и партијата изјави дека очекуваат двоцифрена бројка на пратеници во следниот мандат.

„Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат. Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за нивните црни пари.

И сега ќе пробаат да дојдат со нивниот расипан план за власт, но нека знаат – овој пат, македонскиот народ има свој план!