АктуелноЛокалноСтав

Копанки се финансира од буџетот на граѓаните, а ќе биде приватна сопственост

  • Фејсбук статус на Гаврил Трајкоски – советник во Битола од Политичката Партија Левица

Како и што напоменав, во Статутот на ПСК Пелистер во Членот 58, став (2) стои дека доколку престанокот биде инициран или се должи на акти и дејствија на органите на единицата на локална самоуправа, имотот по престанокот на здружението ќе припадне на планинарски клуб со седиште во Општина Битола и истото ќе го определи Собранието на здружението!

Доколку намерите кон ПД “Копанки” беа искрени од страна на ПСК Пелистер, ставот (2) од Членот 58 немаше да ПОСТОИ!

Кои привилегии ќе ги имаат граѓаните? Средношколците? Основците?

Штета што нема дебати во живо, па народот да има шанса да следи како се злоупотребуваат нивните ПАРИ за ЌЕФОТ на поединци!!!

п.с Кажете му на шушмината да го прочитаат Членот 58 за домашно, пошто тврдеа дека не е така!