АктуелноЛокално

Додека градоначалниците од ДУИ се богатат жителите сами ги средуваат патиштата

  • Реакција на Левица – ЛО Долнени

Општина Долнени со години е оставена на немилост на градоначалниците од ДУИ. Иако на жителите постојано им се ветува дека нивните основни проблеми ќе бидат решени, реалноста е поинаква.

И двата градоначалници од редовите на ДУИ – УРИМ ИБЕСКИ и ЏЕМИЛ ЌАМИЛИ не се способни ниту една улица да санираат. Жителите на Долнени се оставени сами на себе да ги “крпат” улиците од свој џеб, додека ДУИ ветува некаква европска иднина❗️

Ова е вистинското лице на криминалците од ДУИ додека советниците од ДПМНЕ и СДС се во отворена коалиција со ДУИ во Советот на општината. Ниту СДС, ниту ДПМНЕ го нема да се спротистави на криминалите и неспособноста на функционерите од ДУИ.