Смилев: Левица и Велес против вештачките решенија наметнати од Шаќири
- Пишува Игор Смилев – член на Советот во Велес при п.п Левица
Трета ВОНРЕДНА седница на Совет на општина Велес одржана денес( 9- ти април) по указот на министерот за образование Јетон Шаќири за отворање на втора албанска паралелка во велешката гимназија :
– Советот со 20 гласови ЗА и 2 против изгласа ЗАКЛУЧОК….без сегрегација и со вештачки и насила наметнати решенија.
Ќе се примат сите ученици согласно критериумите објавени во конкурсот, а претходно одобрени од наставничкиот совет.
Потребни се минимум 60 поени за влез во Гимназија.
Советот препорачува да останат во учебната 2024/25 четири македонски паралелки, една албанска и една билингвална( македонско- англиска)