АктуелноЛокалноНастани

Волково обоено во црвено – Ѓорче Петров сака промена, а не замена

На барање на жителите на Ѓорче Петров, #Левица отвори канцеларија и во населбата Волково. По повод официјалното отворање, се организираше народен собир на кој присуствуваа и се обратија кандидатот за Претседател од #Левица, проф. д-р Билјана Ванковска, носителот на ИЕ 2, Амар Мециновиќ, пратеникот и носител на ИЕ 3, Борислав Крмов, како и други членови на Централниот комитет.

Во одлична атмосфера и топол прием од страна на жителите, членовите и симпатизерите на #Левица, говорниците истакнаа дека во Ѓорче Петров живее работничката класа и поради тоа има еден посебен дух.

Работничката класа ја има основано оваа држава, затоа работничката класа треба да ја ослободи повторно. Ако не се преземе нешто сега, може и да се изгуби оваа држава, не само да се редефинира.

Присутните се согласија дека народот повеќе не им верува на ДПМНЕ и СДС имајќи предвид дека истите работи ги ветуваат над 20 години наназад, како нешто да ги спречувало досега да ги реализираат.

Се истакна дека кај ДПМНЕ и СДС се парите на народот кој го доведоа на раб на егзистенција, за да можат полесно да владеат.

Свесни за огромната јавна, но уште повеќе тајна поддршка, говорниците напоменаа дека победата ќе се случи позади параванот, кога народот ќе има можност да се ослободи од #буржујските партии.