АктуелноЛокалноНастани

Ванковска: Против сум изборот на претседател да се одвива во Собрание

Јас мислам дека јас немаше да се кандидирам доколку не верува во овој принцип на непосредно добивање граѓански легитимитет. Знаете дека шестмина од кандидатите добивме потписи од граѓаните, што на извесен начин значи добивме влезница за оваа битка. И мислам дека тоа така треба да остане до крај, до избор на таа функција. Некои ја потценуваат велат, церемонијална, вели Билјана Ванковска.

Зошто трошиме пари за избори? Сето тоа нема смисла. Јас мислам и тоа како има смисла, особено во општество во кое претседателот како личност, како индивидуа, тоа е ретка можност да не зависите од партии, да не зависите од некои конци што ќе се движат од позади и вие ја губите својата самостојност.

Туку, ако е лично, со интегритет, ќе може навистина да биде коректор на другите власти и на другата извршна – владата која доминира кај нас и собранието. Ние живееме во длабоко партизирано општество и ако дозволиме да се избира претседател во Собранието, тогаш големите партии ќе си го имаат својот краен збор. Така што се друго останува на маргините и личности со висок интегритет и граѓани и демократско движење.

Значи, јас сум против избор на претседател во Собрание, додава таа.