(ВИДЕО) Ванковска: Образовниот систем ја должи вистината на младите за конфликтот во 2001
Децата сега не учат ништо. Науката има правила и нема многу дилема, но политиката вика, тоа не го закачајте. Но, и странскиот фактор вели – гледајте напред кон идината.
На студентите кога им предавам Политички систем и во делот за уставните амандмани од 2001, мора да им објаснувам за споделување на власта меѓу политичките елити. Ги прашав што знаат – тие велат дека не знаат ништо, – „Наставниците ни велат одете дома и прашајте си ги родителите“.
Тоа е она најлошото. Ние го доживеавме периодот на Југославија на усташи и четници само поради ставањето под чергиче, со обландата братство единство, почнаа мртви да се пребројуваат. Им должиме на децата верзија и фактографија.
Работев како јавен заговарач, бев активна во РЕКОМ, ние го употребуваме зборот вистина – но, во науката во статутот на Комисијата за помирување во Јужна Африка – се фативме за форензичка или фактичка вистина – колку починати, во која возраст… и така ја добивате целата слика. И на некој начин оддавате респект за починатиот, без разлика на која страна припаѓаат.