Мојсоска: Не сум изненадена од новокомпонираниот патриот Максим, кој најавил Бугари во Устав
- Фејсбук статус на Јована Мојсоска, генерален секретар на Левица
Воопшто не сум изненадена што новокомпонираниот патриот Максим најавил вметнување на Бугарите во Уставот уште првите 200 дена влада. Што да се очекува од квинслинзи што беа во првите редови со ЗАЕВ кога се бришеше АСНОМ и се менуваше уставното име под диктат на злосторнички пакт?!
Левица останува единствена партија која е за прекин на преговорите со Бугарија. Левица е единствена партија која е ПРОТИВ вметнувањето на Бугарите во Уставот под било кои услови!
Искуството покажува дека со секоја промена на Устав дел по дел се парчеше суверенитетот на Републиката. А, тоа што необалистите од ДУИ и Алијанса се најгласни за промена на Уставот, јасно треба да ви потврди во чии интереси е бугаризацијата на Уставот.
Нема компромиси со оние кои беа на погрешната страна на Историјата и оние кои ги победивме во Втората светска војна! Колку и да сакаат да ве излажат лажните пророци…