Ковачевски наместо на митингот на Пендаровски, отиде на ифтарска вечера во Сарај
Без претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски синоќа помина првиот предизборен митинг на претседателот Стево Пендаровски кој се одржа во Прилеп.
Наместо да го поддржи својот претседателски кандидат, Ковачевски одлучи да присуствува на ифтарска вечера во Сарај.
Изненадувачки, првиот митинг на претседателот траеше само дваесетина минути и на него покрај претседателот Стево Пендаровски се појави единствено пејачката Кристина Арнаудова која отпеа една песна на почеток и една на крај.