Нека се вечни традициите на непризнавање и неприфаќање на чие било туѓо наметнување

  • Фејсбук статус на професорот Љубомир Цуцуловски

ТРАДИЦИЈА. На денешен ден 1941 година беше донесена одлука за почеток на вооружено востание на народите на Југославија против фашистичката окупација. Осум дена покасно, на 12 јули 1941 година, објавен е Прогласот, напишан од Иво Лола Рибар. Помеѓу другото, во него пишува:

„Народи на Југославија – Срби, Хрвати, Словенци, Црногорци, Македонци и други! Бевте победени во војната, но, не сте покорени. Славните традиции за правда и слобода на вашите дедовци не смеат да бидат заборавени. Сега е време да покажете дека сте достојни потомци на своите предци.“

Така дојде до 11 октомври 1941 година, од кој, помеѓу другото, се изнедри и Првото заседание на АСНОМ, одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински.

Нека се вечни традициите на непризнавање и неприфаќање на чие било туѓо наметнување врз волјата и традицијата на народот/луѓето од Македонија.