Мојсоска: Одлуката на Уставниот суд е урнисување на најосновните права на работниците и директно враќање во 19 век
- Фејсбук статус на Јована Мојсоска, генерален секретар на Левица
Уставниот суд предводен од Кацарска (на кој пред некое време му се приклучи и проф. Ана Павловска Данева) денес пресуди дека 8-часовното работно време, како ЦИВИЛИЗАЦИСКА придобивка, не е уставна категорија во Република Македонија поради интересите на американскиот конзорциум ,,Бехтел-Енка.”
Овој состав на уставни судии пресуди дека експлоатираниот работник може да биде дополнително експлоатиран, но со негова согласност?! А кои се материјалните околности кои би го натерале работник да биде дополнително експлоатиран – освен оскудните примања и сиромаштијата во која е заглавен?!
Дегутантно е да се чита за оваа судска фела, која си ги покачи платите над 2000 евра, четирикратно наспроти обичен работник. Да ги ставиме уставните судии на работничка плата, па да ја уживаат “привилегијата” со нивна согласност да бидат експлоатирани над 40 часа неделно.
Борбата за 8-часовно работно време е вековна и макотрпна борба на организираната работничка класа, како заштита на послабите и оние кои не поседуваат ништо, освен својот ТРУД. Ваквата денешна одлука на Уставен суд е урнисување на најосновните права на работниците и директно враќање во 19-ти век, кога и експлоатацијата на детскиот труд била нормализирана!
Ама Македонија одамна е колонија на НАТО-интересите, па интересите на нивните корпорации се врховни! И од сите партии, САМО Левица го успори овој спорен закон пред Уставен суд. Бујрумте, пак да гласате за НАТО-ПАРТИИ!