За хаосот со пасошите ќе одговара помошникот на министерот
Одделот за внатрешна контрола на МВР подготвил доверлив извештај, во кој се констатирани пропусти на двајца помошници во Министерството за внатрешни работи во врска со лошото планирање и катастрофално менаџирање на процесот на набавка и издавање лични документи со новото уставно име.
За еден од помошниците ќе биде поведена дисциплинска постапка, додека за другиот истекол рокот од 12 месеци да се стори тоа, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тoшковски, во поткастот на Плусинфо.
Извештајот е доставен до Јавното обвинителство на натамошно постапување согласно со законот, вели министерот.
Во овој дел од видео-интервјуто Тошковски детално зборува за одговорноста на своите двајца помошници.