Левица: Кршењето на црквата на Тетовското кале е повик за будење
Црквата на Тетовско Кале после десет дена повторно е осквернавета, овојпат се искршени прозорите и инвертарот.
Левица Тетово повикува на разум и експресни решенија во овој преломен период.
Во време на Велигденски и Рамазански пости на некои дивјаци без совест, морал и човечност им сметаат верски вековни објекти.
Да се оградат и преземат итни мерки од страна на МПЦ, МВР и Комисија за верски односи оти ваков соживот не е возможен.
Со вакви качачко-бандитски арамиски гестови, Европа ќе остане само мисловна именка за власта и коалицијата, која ги ублажува ваквите скандали.
Касами да реагира на овој акт, бидејќи неговата омраза кон сè македонско резултира со вакво одвратно пештерско дивјаштво во 21, година 2024.
Досега, ниеден Македонец не крена рака на џамија или сличен верски објект.
Овој потег само ги разжештува веќе вжештените односи, кои продираат во најранливиот нерв на Македонецот, кои сигурно нема да останат заборавени и неосветени!