Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации
Претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, за декларацијата на Собранието по повод четири години од членството во НАТО денес истакна:
,,Нато не носи демократија. Нато е кршач на меѓународното право и повелбата на Обединетите Нации. Без дозвола на Совет за безбедност НАТО ја нападна Југославија во 1999 година, ја нападна Либија, го нападна Ирак и редици други држави.
-Последниот пункт е дека народот сакал во НАТО. Не е точно! Не е испочитуван член 120 од уставот кој што вели: ,Одлуката за стапување и истапување од сојуз или заедница со други држави е усвоена ако на референдум за неа гласало мнозинство од вкупниот број на избирачи’. Референдумот во 2018 беше неуспешен и немаше цензус и оттука уставниот услов за да влеземе во НАТО не е испочитуван, што значи противуставно и против волјата на народот сме влезени во НАТО.”