АктуелноИнтернационалноНастани

Сабаленка нема да оди на Олимписките игри, бидејќи се фотографирала со Лукашенко

Арина Сабаленка e втора тенисерка на светската ВТА листа, но најверојатно нема да се најде на списокот учесници на претстојните Летни Олимписки Игри во Париз поради тоа што „одбила на прес-конференција да ја коментира заедничката фотографија со претседателот на Белорусија, Лукашенко“, пишува TennisUpToDate.

25-годишната Сабаленка се соочува со најтежок период во нејзината кариера откако пред само неколку дена под неразјаснети околности бил пронајден мртов нејзиниот доскорешен партнер, поранешен белоруски хокеар и тренер. Сабаленка се соочи и со рана елиминација од турнирот во Мајами каде загуби од 32. рангирана украинска тенисерка Анхелина Калинина.

Руските и белоруските спортисти на претстојните Олимписки Игри во Париз ќе настапат под неутрално знаме и химна на МОК (Меѓународен олимписки комитет).

Извесен Џејмс МекЛеод, извршен директор на МОК соопштил дека после состанокот на челните луѓе на МОК било одлучено 37 руски и 22 белоруски спортисти да бидат дел од Летните олимписки игри во Париз.