Мојсоска: Гледам Мерко многу се потресе што е ставен на „црна листа“
Мерко го тера четвртиот мандат (градоначалник на Струга), ние сме „Меркостан“, го гледам Мерко откако го ставија на „црна листа“ многу е потресен, на шега прокоментира Јована Мојсоска во „Редкаст“.
Генералниот секретар на Левица во интервјуто се осврна на своето детство, на семејството, на родната Струга, но говореше и за почетоците на нејзината политичка кариера.
– Нам ни се чини на моменти дека не се менуваат работите, но многу се сменети. Јас кога бев студент тогаш кај нас почнаа социјалните мрежи и многу малку се пишуваше за политика, а камо ли да пишуваш против власта. Одма си обележан. Сега ние имаме страшна политизација на социјалните мрежи, што е добро според мене ние го користиме секој можен простор, особено што медиумите ни се контролирани од едни и други олигархии. Одлично е што обичниот човек има простор да си го искаже политичкиот став. Татко ми не можеше да ги смисли СДСМ, поради „Рамковниот договор“ и ме праша што за СДСМ ќе гласаш, јас му одговорив дека кога Ленка ќе направи партија ќе гласам за нив. И Ленка направи партија, порача таа.
Целото интервју погледнете го во видеото: