Неподмитливите носители на кандидатските листи на Левица
#Левица ги има вистинските носители на пратеничките листи во шестте изборни единици, кои се воедно и единствените, од севкупниот избор, кои немаат нанесена штета врз државата.
Носител во ИЕ 1 – Проф. д-р Димитар Апасиев, претседател на Левица, пратеник во Собранието на Република Македонија, доктор на правни науки, професор на Правниот факултет при Државниот универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.
Носител во ИЕ 2 – Амар Мециновиќ, портпарол на Левица, член на Президиумот на Партијата и член на Советот на Град Скопје, активист за социјална правда и сочувување на животната средина.
Носител во ИЕ 3 – Борислав Крмов, пратеник во Собранието на Република Македонија, член на Президумот на Левица и долгогодишен борец за социјална правда.
Носител во ИЕ 4 – Сашко Јанчев, магистер по кривично право, член на ЦК и советник на Левица во Општина Гевгелија. Повеќегодишен борец за заштита на животната средина со фокус на југот на државата и борбата за Кожув да е национален парк.
Носител во ИЕ 5 – Јована Мојсоска, дипломиран криминолог по финансиски криминал, генерален секретар на Левица и долгогодишен борец за социјална правда и заштита на животната средина и животните.
Носител во ИЕ 6 – Игор Димески, раководител на Сектор за енергетика и советник на Левица во Општина Центар.
Еднаш засекогаш ќе ги предизвикаме политичките елити кои управуваат со нашите животи и ќе ја вратиме политиката моќ во рацете на работничката класа! Нашите носители и идни пратеници во Собранието на Република Македонија ќе бидат гласот на народот во Собранието, како што докажаа и нашите досегашни пратеници.
Од нас сите зависи силата со која ќе го вратиме ударот и судбината која сами ќе ја создадеме. Никогаш повеќе да не владеат над нас криминалот, корупцијата и профитот.