Левица: Профитот на банките постојано се зголемува со лихварски закони

Профитот на банките постојано се зголемува со лихварски закони, реагираат од Левица, посочувајќи дека главната причина за тоа се законските решенија, кои се носат во согласност со банкарскиот сектор.

-Банките остварија над 250 милиони евра добивка во 2023 година и ги зголемија своите профити за 50 отсто, споредено со претходната година. Нето-приходите од камати се искачија на 409 милиони евра, додека нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат повеќе од 106 милиони евра.

Лихварските закони го подигаат профитот на банките, тврдат од партијата.