Путин доби рекорден број на гласови, во изборите со рекорден одѕив
Досегашниот претседател на Русија Владимир Путин, во услови кога немаше вистинска конкуренција, обезбеди уште шест години на чело на Русија со освоени 87,26 отсто од гласовите од 60,01 отсто преброени ливчиња.
Според податоците објавени од Централната изборна комисија на Русија, на второ место е кандидатот на Комунистичката партија на Руската Федерација, Николај Харитонов, кој според делумните резултати доби 4,18 отсто од гласовите.
Следуваат кандидатот на Партијата на Новиот народ Владислав Даванков, кој освои 3,99 отсто и кандидатот на Либерално-демократската партија на Русија Леонид Слуцки со 3,12 отсто.
Според прелиминарните податоци, одѕивот на гласачите на првите претседателски избори во Русија одржани во текот на три дена – 15, 16 и 17 март, изнесува 74,22 отсто. Во 2018 година, кога гласањето се одржа во еден ден, одѕивот на гласачите беше значително помал – 67,54 отсто. Во 2018 година, 76,69 отсто од гласачите гласаа за Владимир Путин.