АктуелноЛокалноНастани

Каузата расте – Левица со канцеларија и во Кратово

Во присуство на претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, пратеникот Борислав Крмов, како и кандидатот за претседател, проф. д-р Билјана Ванковска, свечено беше отворена канцеларијата на Левица во Кратово.

„Левица расте, тоа е видливо во поголемите градови, но уште позабележително е во малите места. Кратово ја има поддршката од Левица и заедно ќе ја оствариме историската победа на двојните избори кои се пред нас”, истакна претседателот Апасиев пред присутните.

Пратеникот Крмов потенцираше дека со успешната акција за собирање на потребните 10.000 потписи, Левица покажа способност да се носи рамо до рамо со сите политички субјекти во државата.

,,Освен од членовите на Левица, процесот беше масовно поддржан од обичниот граѓанин, кој се повеќе дава поддршка на единствената искрена опција, на Левица”, истакна Крмов.

,,Ветувам дека вашата енергија што ми ја давате, ќе ја оправдам и храбро ќе влезам во политичката битка за претседател на Македонија”, истакна Ванковска.

На Македонија ѝ требаат храбри и решителни луѓе, а такви во Левица ги има многу. Заедно ќе победиме и ќе и го вратиме достоинството на македонскиот работник, порачаа од партијата.