Ванковска прво ја поканија од Канал 5, а веднаш потоа и ја обвинија
Прво те канат најљубезно, после ти се закануваат, реагира Билјана Ванковска, откако прво беше поканета да гостува на Канал 5, а потоа од истата телевизија беше обвинета дека ја манипулирала јавноста.
Кандидатката зе претседател на Македонија од редовите на Левица, порача дека нема да се исплаши или да се изнервира.
– Ако мисли Мирчевски дека ќе ме исплаши или изнервира, се лаже – ќе одам кај Гоце, за кого знам дека не е глуп, ама понекогаш поставува прашања кои немаат смисла. А уредникот може слободно да му суфлира во слушалка додека тече „само интервјуто“. Секако, ако се попишманат што ме поканиле, нека ми јават вака јавно и навремено, за да не трошам време и пари за фризер, посочи Ванковска.