Левица: Природата се соголува поради негрижа и бизнис интереси
Во 2023 година Македонија има загуба од 2,45 килохектари дрвна покривка. На индексот за еколошки перформанс државата има паднато за 15 места само во последната година, велат од Левица.
-Ова означува значително губење на покривката на дрвјата, на пасиштата и мочуриштата.
Природата се соголува поради негрижа и бизнис интереси на политичката олигархија, додаваат од партијата.