АктуелноЛокалноНастани

Ако Канада има само државно здравство зошто да нема и Македонија

Јас сум за воспоставување целосно на јавен/државен систем на здравствена заштита. Ако една Канада има само државно здравство, тогаш по што е Македонија толку покапиталистичка и полиберална? Кое е фајдето за човекот? Уништувањето на јавното здравство има катастрофални последици и за поединците и за општеството: сега сме поделени на тие што имаат пари да си обезбедат поквалитетна здравствена заштита, и тие што мораат да одат во руинирани државни објекти. Да не зборувам за „миграцијата“ на здравствениот кадар за повисоки плати кон приватното здравство, па и во насока на напуштање на земјата (главно заминување во Германија или Хрватска), вели Билјана Ванковска.

Таа додава и дека јавното здравство се заснова на принципите на солидарност и хуманост.

– Само јавното здравство се заснова на принципите на солидарност и хуманост, односно еднаквост на човечкиот живот и здравје. Сите издвојуваме за здравствениот фонд, а добиваат тие на кои заштитата им е нужна, поради хронични или акутни заболувања, повреди, попреченост.

– Конечно, се надевам дека како општество ќе имаме сили СИСТЕМСКИ да го решиме проблемот со урнисаното здравство, да обезбедиме достоинствена положба на медицинските лица и установи (условите во кои работат се очајна приказна сама по себе), но и на пациентите – кои и да се, кога и да им треба помош од заедницата и од струката.