Легалистите се многу загрижени за Преспанскиот договор, што е тоа ако не Стокхолмски синдром?
Преспанскиот договор не е исклесан во камен. За земја која живее во беззаконие, “легалистите” ми се нешто многу загрижени да не го прекршиме Договорот, коментира Билјана Ванковска.
-Во свет во кој е прекршена не само Повелбата на ОН, туку и секој елементарен правен и морален принцип, тие го чуваат Преспанскиот договор како “зеницата на окото”.
Кандидатката за претседател на Македонија од редовите на Левица, на крајот поставува очигледно прашање.
Што е тоа ако не Стокхолмски синдром?