Изложба Холокауст на Ромите

На ден 25 Мај 2019 год во просториите на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, Скопје ( влегување од службен влез) со почеток од 19:00 часот ќе се одржи Изложбата Холокауст на Ромите.

Изложбата преку различни животни приказни на жртвите и преживеаните од Холокаустот за време на Втората светска војна ќе рефлектира за случувањата и злоделата извршени врз Ромите во тоа време. Настанот ќе биде проследен со музичка точка на Jimmy Mustafa Band од Косово и театарска точна на актерката Санела Емин.