Сите Албанци да се обединат во една Албанија, посака тетовскиот градоначалник Касами

Билал Касами, тетовски градоначалник, лидер на Беса и дел од предизборната коалиција Вреди од Истанбул порача дека сите Албанци треба да се обединат во една Албанија. Тој викендов во Истанбул учествувал на манифестацијата „Еп на УЧК“, која ја организирале Албанците од Истанбул во знак на сеќавање на легендарниот командант Адем Јашари и неговото семејство, кои се жртвувале за слободата на Косово.

На манидестацијата на присуствуваше и косовскиот миностер за внатрешни работи Џељаљ Свеча и Љуљзим Јашари, синот на командантот Адем Јашари, Касами Рече дека сите Албанци треба да се обединат со Албанија.

– Косово нема никакво значење само по себе ако крајната цел не е да биде една Албанија и заедно со Албанија да станеме една земја. Затоа, основата на семејството Јашари е и пример за целиот свет, како е да се бори за слобода, како е да се бори за правда и како да се бори за човечко достоинство – рече Касами во својот говор одржан пред Албанците во Истанбул, пренесе весникот Лајм.