АктуелноЛокално

Изложба на фотографии од Бобан Китановски во КИЦ

На 21 март 2024 (четрврток) со почеток од 20 часот во Галеријата – „Империјал – 2“ на Културно Информативниот Центар (КИЦ) Скопје и ќе биде поставена изложбата на фотографии од Бобан Китановски.

Ни претставува огромна чест и задоволство, на осумгодишнината од одржувањето на планинарскиот предизвик „12 Врвови“ во соработка со Културно Информативниот Центар Скопје да ви претставиме 30 одбрани фотографии сликани од нашиот најверен член, планинар и другар – Бобан Китановски, чиј објектив и фотоапарат редовно ги овековечуваат нашите искачувања, чекори и уживања на врвовите и планините во Македонија велат од друштвото.

На овој настан ќе имаме прилика да го претставиме и второто подобрено издание на книгата „Планински врвови во Македонија“ од Марио Шаревски, која што е збирка на податоци за 61 планински врв искачени во првото петолетие на предизвикот со додаток за Првата – Западна Македонска Трансверзала и бројни мапи од планинарските патеки.

Изложбата ќе биде отворена со поздравен говор од г-дин Зоран Читкушев, претседател на Федерацијата за планинарски спортови на Македонија – ФПСМ.

Изложбата ќе биде поставена се до 28.03.2024 година.