На денешен ден е роден Драгутин Аврамовски – Гуте

На денешен ден, 11 март 1931 год. е роден Драгутин Аврамовски – Гуте, истакнат македонски академски сликар и графичар.

Тој бил еден од првите македонски апстрактни скикари и има посебен придонес за развојот на современиот графички израз во Македонија.

Се занимавал и со сценографија и со илустрација.

Починал на 12.9.1986 год. во Скопје.