По зајдисонце започнува светиот месец Рамазан

зајдисонце денеска за муслиманите започнува месецот Рамазан, во кој верниците од исламска вероисповед низ светот постат во текот на дневните часови. Постот завршува со Бајрам.

Рамазан е месец на прочистување на духот, умот и телото во кој муслиманите се откажуваат од храна, пијалак и други телесни задоволства, не прават неморални дела и избегнуваат гнев.

Целта е да се излезе од Рамазан подобар, поздрав, со простени гревови.Првиот ден на постот е во понеделник на 11 март, а последниот на 9 април.

Секоја година, Рамазан започнува 10 до 12 дена порано бидејќи исламскиот календар е всушност лунарен хиџри календар каде месеците имаат 29 или 30 дена.

По повод Рамазан поглаварот на Исламската верска заедница Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир Еф. Фетаи  упати порака до верниците во која укажува дека со постот верникот во практика ја потврдува поврзаноста со својот Создател, ја подигнува свеста за доброто, мирот, солидарноста, грижата за човекот и ја реформира неговата личност, подготвувајќи го секогаш да биде во служба на доброто.