АктуелноЛокалноНастани

(ВИДЕО) Британски и грчки авиони користеа напалм бомби против Македонците од Вичо и Грамос

  • Фејсбук статус на профилот Вапцаров

Да не заборавиме никогаш дека британски и грчки авиони во 1948 година извршија геноцид врз Македонците во Егејскиот дел на Македонија.

Британците и Грците за првпат во историјата користеа напалм бомби, со кои живи ги гореа не само македонските партизани на Вичо и Грамос, туку и македонските деца, жени и старци во македонските села и градови во Егејскиот дел на Македонија.

Како резултат на геноцидот извршен од Грците и Британците, илјадници Македонци беа принудени да ги напуштат своите родни огништа од Егејскиот дел на Македонија, од кои над 30.000 беа деца кои се распрснаа и разделија низ цел свет, некои од нив никогаш повеќе не видувајќи ги своите мајка, татко, брат или сестра.