Нема никаков раскол во Левица, двајца си одат, а нови 200 доаѓаат
Нема никаков раскол во Левица, вели лидерот на партијата Димитар апасиев, кој во Сител подкаст беше запрашан за случајот со браќата Масларковски, кои пред извесно време ја напуштија Левица.
– Тие се купени од ВМРО-ДПМНЕ и сета среќа што сега ги испукаа ќорците. Им давале Пецаков и Тимчо некои тезги да свират, а тие за возврат треба да направат нешто, ама за среќа ние ги дисциплиниравме. Ама така е скорена статутарно партијата и не остава простор за пуч. Двајца си одат, а 200 нови доаѓаат – вели Апасиев.
Тој дополни и дека Левица е формирана за да дојде на власт, но не по секоја цена.
– Ние кршиме правила, но не кршиме принципи – додаде Апасиев.
Тој очекува по парламентарните избори партијата да има своја пратеничка група во Собранието, а ако некој ја покани да биде партнер во власта, тогаш нема да бидат пресудни министерските места, туку платформата на која ќе се преговара.
Целото интервју погледнете го на видеото: