Арсовска: ВМРО-ДПМНЕ во општина Бутел поттикнува узурпација на државно земјиште

Градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска, на прес конференција, објавувајќи детали за прокетот за изградба на булеварот „Боца Иванова“ во општина Бутел, одговори на претходните обвинувања на Дарко Костовски, како градоначалник на општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовска објасни дека се работи за капитален проект за изградба на целосно ново булеварско решение, кое вклучува изградба на нова водоводна и атмосферска мрежа како и ново улично осветлување. На булеварот се проектирани и велосипедска патека, пешачка патека и соодветно партерно уредување по целата негова должина. И дека, согласно Генералниот урбанистички план на градот Скопје, овој булевар е предвиден за изградба уште во во 2002 година, а подоцна и потврден во 2012 година кога градоначалник бил г-дин Коце Трајановски, инаку градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ – значи овој булевар е предвиден и ветуван нешто повеќе од 20 години.

Советниците на врмо-дпмне во општина Бутел, не само што дозволиле да се впишат за изградба седум згради на овој булевар, туку тие и го донеле планот за изградба на овие згради. Дополнително, охрабриле и узурпирање на државно земјиште што според член 225 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија е казниво дело.

На крај, Арсовска апелираше до градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски да го ревидира деталниот урбанистички план со наслов ССИ-Блок 7 со кој се предвидува изградба на четири згради, од кои две се 8-катници со висина од 27 метри и тоа на простор кој сега е зелен појас.