Апасиев: Со промените на Изборниот закон, за градоначалник потребни ќе се 4.600 потписи
Драги „независни” граѓански листи или група граѓани, Денес, на итна собраниска седница, широката коалиција СДС-ДПМНЕ-ДУИ го измени Изборниот законик, соопшти лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
-Па така, наместо досегашните 1.000 потписи за Градоначалник или советничка листа во Град Скопје, сега ќе треба да соберете над 4.600! Демократски, нема што, вели Апасиев.