(Видео) Град Скопје години наназат пресметувал поголем данок на имот

На седницата за Советнички прашања до градоначалничката на Град Скопје, советничката од редовите на Левица постави прашање во врска со пресметувањето на данок на имот во Скопје.

Според советничката, години наназад во Скопје намерно се пресметувало данок на имот по погрешна методологија. Па така, од Град Скопје, ниво која што е шеста класа ја оценувале како да е од прва, а неизградено градежно земјиште кое нема пристап до пат плакало еднаков данок како и оние парцели кои ги имаат сите услови. А имало и случаеви каде за соседни катастерски парцели, кои имаат различни сопственици, на едниот сопственик му наплаќале данок на имот, а на другиот не.

„Години наназад, на дел од граѓаните им се пресметува данок на имот поголем од оној кој согласно карактеристиките на имотот реално би требало изнесува. Дел од граѓаните воделе судски постапки и Управниот суд ги поништил оспорените Решенија за данок на имот, но и покрај тоа, Градот истите одбил да ги имлементира и продолжил и понатаму идентично да го пресметува данокот на имот. Дали градоналчалникот е запознаена со овој проблем?“

Согласно фактите кои ги изнесе советничката на говорница, станува јасно дека на дел од граѓаните им е наплаќано поголема сума за данок на имот, додека на друга група граѓани, иако треба да плаќаат данок на имот, оваа обврска кон Градот или Општината тие ја немаат намирувано. Дали станува за намерни пропусти, случајност или нестручност во работењето, веројатно секој индивидуален случај си има сопствена приказна.