АктуелноЛокалноНастани

Ванковска: Или е неспособна или државата намерно ги ограничува правата на граѓаните

Избирачкото право е не само уставно гарантирано, туку е заштитено и со кривичниот законик и судовите, вели Билјана Ванковска, кандидатката на Левица на претстојните претседателски избори.

-Сега сме во ситуација да сведочиме масовни повреди/ограничувања на гласачкото право и тоа од страна на државата!?! Заедно со ограничувањето на слободата на движење! И личните и политичките права ги крши државата, а ние глумиме нормален и регуларен (пред)изборен натпревар!

Таа се прашува дали држава е неспособна или намерно ги ограничува права на сопствените граѓани.

-Искрено, тешко ми паѓа дури и помислата дека ќе се најдам на гласачко ливче во држава која или е неспособна или намерно игра на некаков инженеринг. Не се работи за мене или кој и да е друг кандидат – се работи за граѓаните! Можеби ќе беше добро сите заедно да побараме ИТНО решение, почнувајќи од актуелниот претседател. Инаку, кој и да победи, победата ќе биде Пирова а не демократска!