АктуелноЛокалноНастани

Не е Франција прва, Југославија уште во 1974 година во Уставот го внесе правото на абортус

Колку е назад оваа “развиена Европа” , само некој треба да ја потсети, вели Билјана Ванковска, којашто реагираше на веста дека Франција е првата земја која во својот Устав го внесе правото на абортус, иако уште во 1974 година СФР Југославија беше првата земја во историјата која абортусот го издигна на уставна категорија.