Како да го пуштат лажниот левичар-милионер Таче во Рим, прашува Апасиев

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, наводно доживеал непријатност при посетата во Рим каде што пред два дена бил поканет на собир на Партијата на Европските социјалисти, а сепак не му било дозволено да влезе на собирот?

Како што објави влијателниот медиум Политико, Ковачевски, иако бил повикан, не успеал веднаш да влезе на собирот на европските социјалисти во Рим.

Новинарите на Политико дури и пренесуваат што точно Ковачевски им рекол на организаторите на настанот:

„Јас кога канам луѓе ги канам да влезат, а не да останат на улица”, изјавил наводно Ковачевски откако бил одбиен да влезе на собирот на елитата на Европските социјалисти, пренесе Политика.

-Таче не го пуштиле да влезе на собирот на европските социјалисти во Рим. Е, па, како да пуштат лажен левичар-милионер, кој не знае Римско право во Рим, коментираше лидерот на Левица, Димитар Апасиев.